Како никогаш порано заштитен е македонскиот јазик и идентитет, порачува Заев

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека јазикот и идентетот постигнале најдобра афирмација преку преговорите со Бугарија.

Loading...

-Ние мораме да грабиме напред и тоа како Македонци со македонски јазик, и тоа го правиме, ние денес сме Македонци кои зборат македонски јазик и сме членка на НАТО. Ќе бидеме утре Европејци, земјата ќе ни биде членка на ЕУ и ќе бидеме Македонци кои што зборуваат македонски јазик и таа цел ја постигаме, за разлика од сите претходни 27 години кога не сме ја постигнале. Во тоа време кога не сме ги постигнале тие цели, под голем прашалник беа нашиот идентитет и нашиот јазик, отколку сега кога ги исполнуваме целите, нагласи Заев.

Според него, откако започнале решавањата на несогласувањата со соседите, нашиот јазик и идентитет доживуваат афирмација, како никогаш порано.

– Денес, како никогаш порано е заштитен македонскиот јазик, македонскиот народ и нашиот македонски идентитет, и тоа се постигна доминантно низ афирмацијата на преговорите со Бугарија и денеска со личната карта која што ја имаме во ООН. Кога се зборело толку за Македонци, за македонски јазик и слично? Никогаш, и плус тоа е загарантиран, потенцира Заев, говорејќи дека државата нема друга алтернатива и мора посветено да работи на европскиот пат.

Во тој контекст посочи дека неколку проекти ќе ја донесат Европа во Северна Македонија.

-Ние дома ќе продолжиме со реформите, ќе работиме, ќе ја повикаме Холандија да работи со нас на правниот систем, ќе ја повикаме Германија да работи во економскиот систем. Премиерот на Естонија ми е пријател, ќе ни даде се што треба за дигитализација на Македонија. ЕУ е филозофија, европеизацијата е клучна дома, поглавјата, актите, преадаптација на нашето законодавство, менување на менталниот склоп на нашиот народ…, рече Заев.

Истакна дека како легитимни претставници на извршната власт, со доделен мандат од граѓаните на изборите, им е дадена одговорноста да носат храбри и тешки одлуки, а истовремено и да го чуваат достоинството и идентитетот.

-Ние со договорот од Преспа само го потврдивме и афирмиравме македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа го направивме и со Договорот со Бугарија, а го правиме и сега со решавањето на овој спор. Го потврдивме тоа и како членка на НАТО. Ќе бидеме со овој исти идентитет и членка на ЕУ. И сето тоа го направивме низ легитимниот систем на институциите, низ Парламентот, со потврда на претседателот на државата. Со ратификувани договори. Затоа ја преземаме одговорноста да го решиме на истиот начин и ова прашање. Институционалниот систем е поставен соодветно за сè што се договара, сè што има правни импликации, сè што влијае на нашата национална посебност, стратегија, интереси на државата институциите мора да го верифицираат институциите и затоа овие прашања не е добро да им се препуштат на партиските амбиции и за политички профит“, нагласи премиерот Заев.

Loading...

Оцени дека кандидатскиот Западен Балкан држи европски лекции, во време кога Европа не е баш толку европска, со сите тие блокади на буџет, одредени национализми, слушаме, вели, дека во правосудство на одредени земји нешто се занемарува. -И сега ги собрав сите награди низ Европа, тоа е нашиот македонскиот народ, нашата политика ги собра, не е тоа само Заев и на крајот Европа треба да испорача европски вредности, европски пример и затоа горчината ни доаѓа, истакна Заев.

Премиерот, одговарајќи на прашањето за преименувањето на празникот 24 Мај од страна на бугарското Собрание, како Ден на бугарската азбука, рече дека сите знаеме дека Кирил и Методиј се словенски просветители и дека не може некој да ги присвојува или глаголицата да ја прикажува како сопствена азбука.

Во однос на прашањето за македонското малцинство, Заев рече дека не само што немаме територијални претензии, туку немаме намера да се мешаме во внатрешните работи и оти тие работи се решаваат на меѓународно ниво.

-Ако однапред ги исцртате црвените линии, нема да имате за што да разговарате. Се отвораат можности за разговори, за што се враќате дома и треба да помине парламент, Влада… Со стоењето во место губиме. Хрватска беше зад нас во 2005 година, а видете ги каде се сега, додаде Заев.

Неда Димова-Прокиќ

Leave a Reply