Како некогаш се прославуваше Денот на младоста и роденденот на Тито? (видео)

Сподели со своите пријатели

Пред многу години 25ти мај се прославуваше масовно во поранешната СФРЈ, како Ден на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито.

Иако Тито официјалнио бил роден на 7 мај, 25ти мај бил одбележуван како негов роденден. Централната манифестација секогаш била организирана на тогашниот воен стадион на ЈНА во Белград, каде пионири, младинци и припадници на сите родови на војската и морнарицата изведувале слетување.

https://youtu.be/hsrNP3QD3YI

Loading...

Во таа прилика на Тито му беше врачувана штафета на младоста, која минувала секогаш од друго место и друга република, но секогаш масовно била пречекувана ширум градовите од некогашна Југославија.

По правило, штафетата на младоста, на Тито со пригодна честита со желби за долг живот и здравје му ја врачуваа најдобрите младинци и младинки. носењето на штафетите траело цели 42 години, до 1987 година. По смртта на тито, штафетата ја примале претседателите на тогашниот Сојуз на социјалистичка младина на Југославија.

https://youtu.be/0F1oTCIuxl8

Самата идеја потекнува од 1945 година од младината на Крагуевац чие Одделение за спорт и фискултура осмислило масовно младиснко штафетно трчање ширум Југославија. Првата штафета на Тито му ја предал Мико Трипало, тогашен претседател на Централниот комитет на Народната младина на Југославија.

Leave a Reply