Како најдобро да ја исчистите вашата микробранова печка?

Сподели со своите пријатели

Микробрановата печка е многу корисна, но исто така е легло на бактерии, па затоа е вистинска болка да се исчисти.

Loading...

За првиот трик ќе ви треба лимон. Истурете вода и неколку парчиња лимон во поголема кригла и ставете ја во микробранова печка.

Загрејте додека не зоврие и оставете го да седи уште неколку минути додека не се направи пареа која ќе делува на маснотијата. Благодарение на неа, нечистотија треба полесно да се отстрани.

Потоа извадете ја криглата и избришете ја микробрановата со влажна крпа.

Покрај лимоните, оцетот ќе биде исто толку ефикасен. Постапката е иста како и со лимонот.

Истурете половина чашавода, половина оцет во чашата и почекајте да зоврие. Потоа избришете ја микробранова печка.

Ако дамките не се отстранат од првиот обид, повторете го процесот.

Комбинација на вода и сода бикарбона исто така ќе биде ефективна. Истурете 4 лажици сода бикарбона во 2 литри млака вода и избришете ја внатрешната страна на микробрановата со таа смеса.

Loading...

За потешки дамки, направете густа паста.

Leave a Reply