Како најбрзо и најефикасно да излупите варено јајце? (видео)

Сподели со своите пријатели

Поголем дел од луѓето варените јајца ги лупат така што малку ќе ја искршат лушпата и со прсти ќе ја одвојуваат, што понекогаш оди лесно, но понекогаш задава главоболки кога белката ќе остане на лушпата.

Сега со овој трик, лупењето на варени јајца веќе нема да биде напорно како што може да се случи понекогаш. Се што треба да направите е да го земете јајцето во рака, со него да удрите во столче или да го „провозите“ со дланките. Лушпата скоро сама ќе се оддели од него.

Авторот тврди дека не постои поедноставен и побрз начин да се стори тоа.