Во недела во барселона започна „Mobile World Congress“ на кој Мајкрософт ја претстави својата визија за иднината. Судејќи по се, компанијата својата иднина ја гледа претежно во виртуелниот простор.
– Сакаме на сите да им дадеме супермоќи, рекол директорот на компанијата Сатја Надела и на примери објаснил на кој начин тоа сакаат да го постигнат.
Иднината на концерните исто така нема никаква врска со програмата Видноус. На презентацијата на компанијата се било околу новата верзија на бежичниот холограмски компјутер со паметни очила Холоенс и вештачката интелигенција преку платформата „Азуре“.
Стартап компанијата „Саптиал“ овозможила со помош на Хололенс одржува бизнис состаноци во дигитални простории во кои корисниците прават презентации, 3Д објекти и текстуални полиња и го поставуваат во просторот и заеднички обработуваат.
Тие простории можат да се сочуваат со сите свои детали, за да корисниците во секој момент можат повторно да влезат. И надворешните соработници можат во секој момент да се вклучат во проектот преку свој аватар, како самите да се во просторијата. Канцеларијата на иднината станува исклучително виртуелен простор.
Меѓутоа и професиите кои бараат повеќе мануелна работа можат да профитираат од новите технологии. Благодарение на Хололенс и податоците кои во живо се собираат преку вмрежени уреди, ќе може да се визуелизира користењето на сложените машини. Тродимензионален модел прецизно прикажува кој запчаник во блиска иднина треба да се замени поради дефекти. Механичарот со помош на очила може да го анализира секој дел од машината и да ја следи во каква е состојба.
Новите очила и мерења на просторот
Хололенс 2 е наследник на холограмските очила на Мајкрософт. Совршената верзија прикажува повеќе детали, го приширува видното поле и овозможува управување со движењата. Новите очила се поленси, можат да се подесат, а за подобро користење ги скенираат дланките на корисникот и неговото опкружување, така што холограмите се прилагодуваат на просторот. Корисникот може да ги допре и да ги поместува со рацете. Движењата на очите и гласот служат за директно управување.
Тука е и Азура Кинект, сензор за длабочина и движења првотибно развиен за Xbox, кој во иднина заедно со вештачката интелигенција на Азура ќе овозможи не само компјутерите да се управуваат со движење, туку и ќе ја олесни работата. За пример, ќе препознава обекти во складиште, виртуелно ќе поставува делови од мотор на соодветно место и ќе го предупредува болничкиот персонал на пациентите кои ќе имаат срцев удар, за да реагираат што побрзо.