Уште пред да се изгради манастирот Свети Прохор Пчински, планината Козјак се протегала се до селата Старо Нагоричане и Стрновац и источно од селото Војник.
Гората била густа, буките и дабовите високи, а реката Пчиња, скриена сред бујноз еленило. Понекаде имало широки и тревнати чистинки сред кои се издигале убави замоци и кули, а како сребрена кривулеста врвца над долините и височините оддалеку се гледал Градарскиот пат, кој водел од кај Св. Прохор Пчински кон селата Војник и Страцин за Стамбол.
Приказната за партизанското семејство Гелевски од Куманово
Разни царски војсни и трговци минувале по него. Многу каравани со денови патувале кон север и кон југ, дури некогаш по триста и петстотини камили, особено преку селата Пелинце и Старац.
Но, дошле лоши времиња, пристигнале турски војски и со нож и оган го опушстошеле сиот крај на Козјачијата. Камен на камен мирен не останал. Што се вели, душата на ѓаволот ја превртеле.
И минала таа стихија турска и само пустош и пепелишта останале. Со години крајот останал слабо населен.некое време, кога лоши закони завладеале за христијаните, народот почнал да бега од големите села и касаби, па голем број христијани – сточари се населиле во одамна запустената Козјачија.
Легендата за кумановското село Рамно: Како настанало и го добило името?
Бидејќи гората била многу густа, дрвјата курпни и високи, а имало малку падини и пасишта, место овци, повеќето од нив се оддале на одгледување кози, кои подобро се снаоѓаат на шумските терени, брстејќи од дрвјата. Но, со време, толку многу кози се намножиле, што, речиси, целата гора оголела (денешна Козјачија).
За среќа, по основањето на манастирот Прохор Пчински, пашата во манастирскиот дел на гората била забранета и така се сочувала денешната планина Козјак.
Поради големата наеза од козочуварство планината била наречена Козјак, а некогаш пространото шумско подрачје на истоимената планина – Козјачија.
Според раскажување на Јаќим М. Стојковски (1968 година)
Извор: „Наш весник“ – 4 декември 1970 година