Како ќе купуваме во иднина?

Сподели со своите пријатели

Ви треба фустан за свадба и со денови се подготвувате да одите низ сите продавници во градот во потрага по совршена тоалета? Ако им веруваме на иноваторите, овој начин на купување ќе стане минато, а во иднина не чека следното.

Онлајн кабини

Нарачките на облека преку интернет се во пораст и проценките се дека тоа ќе биде уште поприсутно. Со тоа се поизразените проблеми ќе бидат како да се врати облеката, било проади погрешните мерки или затоа што не ви стои онака како што сте очекувале. Затоа науниците работат на развој на нови технологии кои ќе го решат и овој проблем. Станува збор за т.н. онлајн кабини кои бараат само една фотографија од целата фигура, висината и тежината. потоа во соработка со продавачите ќе го измерат секое парче гардероба и во зависност од вашата фотографија, програмот ќе ви ја најде соодветната големина. Се очекува онлајн кабините да бидат на пазарот до крајот на годината.

Ходник на инспирација

Отсекогаш сте сакале стилист, но сте немале пари да си го дозволите? Не грижете се, наскоро во продавниците ќе се најдат ходници на инспирација наменети за сите љубители на модите, но и оние кои ги мрзи да шетаат низ шопинг центрите. Технологијата ќе функционира вака: муштеријата влегува во ходникот со опремени големи екрани и камера која прави профил на купувачот врз основа на годините, полот и висината. потоа препорачуваат облека која одговара на вашата градба, а на вас е само да изберете парчиња облека и магичниот екрат ќе го прикаже целиот аутфит.

Напредна технологија

Една австралиска фирма моментално работи на технологија која треба да го олесни купувањето во големите ланци продавници. Прво на паметниот телефон означувате што ви се допаѓа од содржините, а потоа кога одите во продавница, апликацијата ве насочува каде се наоѓа тој предмет. И не само тоа, таа ќе ве предупреди и на слични производи.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.