Како ќе изгледаат правилата за однесување на грчките плажи?

Сподели со своите пријатели

Растојанието од три метри помеѓу чадорите на организирани плажи и пет метри на неорганизираните ќе биде иднината на летните одмори во Грција.

Loading...

Исто така, физичко растојание од 1,5 метри останува во сила, или во затворен простор или на отворено, опционално користење на маската во затворен простор, како и дезинфекција на лежалките и работи што се разменуваат помеѓу сопствениците на барови и клиенти.

Во планот на Министерството за туризам на Грција исто така се вели дека закупувачите на плажите треба да имаат три одделни области: за загрозени групи на капачи, семејства со деца и дел за пошироката јавност.

ЕВРОПА: Каде и како ќе може да се патува оваа година?

Што се однесува до лежалките и пешкирите, тие мора да се дезинфицираат и да бидат на растојание од 3 метри, додека столовите, ценовниците и кутиите за чување на нештата мора да бидат изработени од материјали што капачите ќе можат да ги дезинфицираат.

Распоред за посетување на плажите

Планот исто така вклучува и препорака за воспоставување програмски распоред за капење „ранливи“ и „неранливи“ групи на луѓе.

На пример, на ранливите пливачи им се советува да излезат на плажа и да користат објекти за плажа, лежалки и чадори за сонце до 12 часот.

Loading...

Ако тоа не е можно, тогаш ќе се применат посебни делови од плажа.

Еве кога Црна Гора ќе ја отвори сезоната и под кои услови ќе може да се патува

Што е со неорганизираните плажи?

Кога станува збор за пливање на такви плажи, растојанието помеѓу двата пешкири мора да биде минимум 5 метри во секоја насока и исто така се препорачува на постарите лица да доаѓаат што е можно порано и да ја напуштат плажата до 12 часот.

Персоналот на баровите ќе има право да изолира сомнителна личност

Секоја организирана плажа ќе мора да има пишан план за справување со сомнителен случај на „Ковид-19“, во кој ќе бидат наведени, меѓу другото, и симптомите што карактеризираат такво лице, но и телефонски број преку кој ќе се добијат упатства за привремена изолација, како и сигурен превоз на таа личност до болницата.

Leave a Reply