Како јадењето ноќе влијае врз вашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Јадењето навечер е опасно. Покрај тоа што може полесно да се здебелите поради доцниот оброк, консумирањето храна во доцните часови е лошо и за кожата, покажа неодамнешно истражување.

Loading...

Имено, научниците открија дека неправилните навики во исхраната го нарушуваат биолошкиот часовник на кожата на глувците, што довело до слабеење на кожниот ензим кој го блокира штетното ултравиолетово зрачење на сончевите зраци.

 

 

Затоа дерматолозите од Њујорк тврдат дека уживањето во полноќни ужинки или поголем оброк не само што придонесува за надуеност и зголемување на телесната тежина, туку може да влијае и на стареење и оштетување на кожата, па дури и да доведе до рак на кожата.

Тие докажале дека тешките оброци пред спиење можат да го ослабнат ензимот кој ја штити кожата од УВ зрачење.

 

Loading...

 

Според дерматолозите за кожата, најлошо е ако јадете млечни производи, чоколадо, пржена храна и што било друго со висок гликемиски индекс пред спиење, што е докажано дека придонесува за појава на акни и митисери.

Leave a Reply