Како изгледа животот кога сте замохрана мајка на 14 деца?

Сподели со своите пријатели

Замислете си дека треба самостојно да се грижите за 14 деца. Тоа е животот на Надја Сулеман.

Loading...

Оваа жена е самохрана мајка на 14 деца, вклучувајќи осморка. Луѓето мислеле дека оваа жена зела преголем залак, но од ден на ден таа им докажува на сите дека грешат.

Надја порасна како единица и отсекогаш сонувала да има големо семејство. Меѓутоа, поради проблеми со плодноста, таа не можела да забремени природно.

Заштедила пари за медицинско потпомогнато оплодување и на тој начин родила шест деца. Но, таа сакала уште едно. На ултразвучниот преглед открила дека всушност носи осум.

 

„Почна да покажува дека сум бремена по само девет дена. Брзо се собрав”, рече таа во една прилика.

Во 6 -от месец од бременоста, нејзиното ребро се скршило и морала да помине шест недели во кревет. Поради компликации, бебињата се раѓале со царски рез.

Loading...

Во тоа време, Надја била невработена и живеела со нејзината мајка, но таа ја прифатила секоја работа што ѝ била понудена.

 

 

Во 2012 година, таа прогласила личен банкрот поради долгови над 1 милион долари. Таа морала да се исели од домот, па за да заработи за живот, започнала да снима филмови за возрасни.

Работата како стриптизета ѝ обезбедила дополнителен приход. Сето ова довело до зависност од лекови за смирување, и во 2014 година добила две години условна казна и 200 часа општествено корисна работа и ѝ било наредено да врати 26.000 американски долари за благосостојба поврзана со проневера.

„Живеевме неуредно, но се држевме заедно. Бевме силно семејство и покрај она што многумина веруваат”, рекла Надја.

 

Loading...

Сега живее во куќа со три спални соби во округот Оринџ, пишува Bright Side.

Надја и нејзините деца се вегани. Саботата е резервирана за забава, а потоа поминуваат време заедно.

Сепак, нејзиното најстаро дете полека почнува да ја избегнува таа семејна традиција. Таа вели дека повеќе нема намера да се породува.