Како Гугл Мапс ги прави пресметките? Дали некогаш ве има „изневерено“?

Сподели со своите пријатели

Google Maps е една од најпопуларните апликации за снаоѓање во просторот.

Loading...

Многумина ја користат секој ден кога возат низ градот, бидејќи ги информира за сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи и слично. Сепак, дали знаете како Гугл ги прави своите пресметки?

 

 

Гугл на својот официјален блог објави интересен текст за тоа како всушност се пресметуваат најбрзите маршрути, застојот во сообраќајот и слично (дури 97% од пресметките се целосно точни, тврдат тие). Откриени се некои нови детали, како и повеќе информации за улогата на вештачката интелигенција.

Податоците се собираат, анализираат и покажуваат колкав е просечниот сообраќаен метеж во дадено време од денот. Како се пресметува сообраќајот, тие покажаа на примерот на возење по автопат во Калифорнија.

Таму, меѓу 6 и 7 часот наутро, возилата обично се движат со брзина од околу 105 км/ч, но во текот на попладневните часови, поради густиот сообраќај, брзината паѓа на околу 35 км на час. Овие податоци, кои се базираат на долгогодишна анализа на сообраќајот на автопатот, Гугл потоа ги комбинираат со состојбата на работите во реално време, користејќи вештачка интелигенција.

Loading...

 

 

Вештачката интелигенција, односно машинското учење, со тоа го предвидува времетраењето на патувањето. Предвидувањата се менуваат доста брзо во последно време, поради пандемијата на коронавирусот. Многумина работат од дома, па затоа сообраќајниот метеж е помал, поради што се користат само податоците од претходните две до четири недели.