Како една мала фирма разви вакцина против корона и стана фармацевтски џин?

Сподели со своите пријатели

Една од првите вакцини против коронавирус беше заеднички развиена од фармацевтскиот гигант „Фајзер“ и малата германска компанија „Бионтек“. Иако многумина вакцината ја нарекуваат Фајзер, придонесот на Бионтек е многу поголем од маргиналниот.

Loading...

Бионтек, компанија од Мајнц, ги разви кандидатите за вакцини.

Нејзините основачи, Озлем Туречи и Угур Шаин, се меѓу научниците од целиот свет кои работеа напорно за да создадат вакцина базирана на РНК кога започна пандемијата.

 

 

Тие немаа ниту веб – страница

Со партнерство со Фајзер, Бионтек успеа да лансира една од првите и најефикасните вакцини против коронавирус за помалку од една година.

Loading...

„Бионтек немаше ниту своја веб – страница во 2014 година“, вели британскиот новинар Џо Милер, кој го следеше развојот на вакцината и неодамна објави книга за тоа.

Во неа, тој опишува како упорно и посветено основачите на компанијата, онкологот Угур и неговата сопруга Олзем, ги следеле нивните визии.

Угур (56) е роден во Турција и како мал дојде во Германија со своите родители, каде студирал математика и медицина. Тој е специјализиран за молекуларна медицина и имунологија.

 

 

Олзем (54) е родена во Германија, но нејзините родители се турски имигранти. Дипломирала медицина на Универзитетот во Сарланд во Хомбург.

Бионтек, кој денес има 1.300 вработени, првично бил  личен имунотерапевт за пациенти со рак. Угур ја основал фирмата во 2008 година во потрага по нови начини за лекување на ракот.

Loading...

Додека истражувал за својата книга, Милер се сретнал со двајцата, разговарал со повеќе од 50 научници, политичари и вработени во компанијата. Неговите записи покажуваат како една мала компанија успеала да направи ефикасна вакцина за кратко време.

Пред да се открие коронавирусот, парот верувал во медицинска револуција базирана на генетската mRNA молекула, но не сонувале дека пандемијата ќе докаже дека нивните визии се точни.

 

 

Брзина на светлина

Вакцината со рибонуклеинска киселина (mRNA) се базира на генетски упатства до клетките за да се создаде фрагмент од вирусот од кој ќе биде заштитен целиот организам.

„Пристапот не беше познат во времето на појавата на пандемијата и не наиде на ентузијазам во пошироката научна заедница“, вели Милер.

Loading...

Угур бил еден од ретките научници кои претпоставувал што ќе се случи, по појавата на првиот случај во Вухан, Кина, пред две години.

„Мислам дека можеме да направиме нешто“, рекол тој тогаш.