Како една бабичка измести огромен автопат во Кина? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во кинескиот град Гуангжоу се гради мост во рамките на автопатот. Тој сепак мора да заобиколи  околу една мала куќа, чиј сопственик десет години одбива да ја продаде на надлежните органи.

Loading...

Сопственичката на куќата едноставно не сакал никаков надоместок, кога државата ѝ понудила пари за уривање на зградата поради изградбата на патот.

Резултатот е единствен мост што градителите морале да се прилагоди на околностите.

Снимките објавени од локалните медиуми покажуваат куќа помеѓу двете крилја на новоотворениот мост во провинцијата Гуангдонг.

Куќата е приземна и има површина од околу 40 квадратни метри.

Сопственичката Лианг, рекла дека не се согласила да се пресели, затоа што надлежните не ѝ понудиле соодветен имот на соодветно место.

Таа додаде дека сега лесно се справува со последиците од таквата одлука и дека ѝ му пречи што мислат другите за неа и нејзините постапки.

„И покрај тоа што мислите дека оваа нова околина е лоша, чувствувам дека е тивка, ослободувачка, пријатна“, тврди г-ѓа Лианг.

Loading...

Локалните медиуми јавуваат дека таа побарала од владата да и ’даде четири станови, но имало два на понуда.

Според други извори, Лианг тврди дека владата, како замена за куќата што би била срушена поради автопатот, ѝ понудила имот покрај мртовечницата, и дека таа одбила.

Сега оваа куќа стана сензација на социјалните мрежи.

Г-ѓа Лианг, сепак, не е изолиран случај, таа е една од вкупно 47 сопственици на домови и седум компании кои одбиле да се преселат.

Властите тврдат дека ѝ понудиле бројни недвижнини со иста вредност како нејзината куќа, како и паричен надоместок, но дека таа ги одбила сите за возврат.

Бидејќи мостот на крајот морал да биде изграден, властите и инвеститорите рекле дека „сите безбедносни аспекти се земени предвид“ при планирањето на овој необичен проект, истакнувајќи дека тие „остануваат во комуникација со г-ѓа Лианг“.

 

Loading...

Leave a Reply