Како да се ослободите од мирисот на цигари од автомобилот, овие трикови можат да ви помогнат

Сподели со своите пријатели

Мирисот на цигарите во автомобил може да биде многу иритирачки, особено ако сте непушач и сте купиле користено возило. Мирисна „елка“ нема да помогне, туку уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата.

Loading...

Не е лесно да ги отстраните непријатните мириси од кабината, но постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат. Започнете со отворање на сите врати и темелно вакуумирање на површините.

Откако ќе го завршите првиот дел од работата, земете крпа натопена во алкохолен оцет и почнете одново. Исто така, измијте ги прозорците со некои од популарните хемикалии.

 

 

Потемелен пристап

Некогаш и фирмите на чистење не се доволни, па затоа е потребен потемелен пристап. Слободно сменете го филтерот во кабината и дезинфицирајте ја климата (вклучете го најсилниот издув и вклучете го греењето).

Loading...

Втријте сода бикарбона во ткаенини (седишта, теписи…) и по неколку часа исчистете сè со правосмукалка. Ова треба да ја отстрани смрдеата, иако успехот не е загарантиран. Се зависи од тоа колку се пуши во автомобилот.

На крајот, пробајте алкохолен оцет, зрна кафе или јаглен. Оставете ги во возилото преку ноќ (оцет во чаша), или колку што можете подолго. За себе ќе ја „врзат“ смрдеата од цигарите и ќе ја намалат непријатноста.