Како да се ослободите од инсектите без опасните хемикалии?

Сподели со своите пријатели

Штом бубачките влезат во куќата, тешко е да се ослободите од нив.

Loading...

Без оглед на тоа од каков вид на инсек сте нападнати , секогаш можете да се ослободите од нив со природни состојки и препарати, наместо да се труете со хемикалии.

Цимет

Иако мравките се доста отпорни, циметот може да ги одбие. Треба само да го попрскате на местата каде што минуваат.

Есенцијални масла

Испрскајте масло од лаванда или пеперминт во ормари и фиоки, на работни површини во кујната и по подни плочи, бидејќи маслата одбиваат многу видови инсекти.

 

Loading...

 

Оцет

Пајаците не толерираат оцетна киселина од бел оцет, па затоа е многу ефикасна во борбата против нив. Разредете го оцетот со вода во сооднос половина / половина и испрскајте ги подните летви во кои влегуваат пајаците.

Борна киселина и шеќер во прав

Против отпорни инсекти, можете да направите стапица со борна киселина и шеќер во прав: додека шеќерот ги привлекува борната киселина убива лебарки, но не е отровна за луѓето или миленичињата.

 

 

Loading...

Сепак, може да ги иритира очите и кожата, така што производот не треба да се става на кујнски површини и површини што ги допираме со прсти – ставете ја стапицата зад фрижидерот, печката, машината за миење садови или под мијалникот.

Краставици

Едноставно исечете ги на парчиња и ставете ги таму каде што мравките влегуваат во кујната: тие инстинктивно бегаат од мирисот на краставиците, особено од горчливите краставици.