Како да разговарате со тинејџерите и да ги наведете да ви се „отворат“?

Сподели со своите пријатели

Изберете го вистинското место и време кога сакате вашите тинејџери да ви се отворат.

Loading...

Колку е поконкретно прашањето, толку е поголема веројатноста да добиете одговор, се согласуваат терапевтите.

Ако детето замолчи секој пат кога ќе го прашате како е, тоа значи дека прво треба да го отстраните притисокот од него.

„Откако многу работев со тинејџери, можам да кажам дека најдобриот начин да ги натерате тинејџерите да им веруваат на своите родители е учество во активности со нив, наместо изговарање на било што одредено“, вели терапевтката Аманда Стемен.

 

 

Три начини да се намали притисокот

Loading...

Во автомобил

Нека изберат музика, советува терапевтот Jacаклин Равело. Кога ќе им дадете шанса на тинејџерите да изберат музика, ќе ги смирите и ќе им дадете до знаење дека се важни нивните избори и мислења.

Сè уште можете да поставите граници, како „без пцуење“ или „без груби зборови и фрази“, но ако им дозволите да изберат музика, ќе ги опуштите и ќе ви се отворат побрзо.

Додека гледате телевизија

Семејниот терапевт Саби Харуни Лури, вели дека еден од најдобрите начини да се поврзете со детето е да уживате во филм со него.

Гледањето филм по нивен избор и потоа зборувањето за него би можело да биде многу подобро решение отколку да ги испрашувате за нивната иднина.

 

Loading...

 

Додека сте на прошетка

Наместо да зборувате веднаш по училиштето, однесете ги на прошетка и започнете разговор таму или додека се подготвуваат за спиење, детскиот психолог др. Тамара Глен Солес.

Изберете го вистинското место и време кога сакате вашите тинејџери да ви се отворат. Наместо да прашувате: „Како ти помина денот?“, Поставете поконкретни прашања од типот „Што те изненади денеска?“ или „Дали ти се случи нешто неочекувано?“.

Колку е поконкретно прашањето, толку е поголема веројатноста да добиете одговор, вели Солес.

– Со поставување на навистина богати, висококвалитетни прашања, како на пример: „Кое беше твотео омилено нешто денес?’ или „Што беше најпредизвикувачкото нешто на училиште?“, отворате дијалог и можност за понатамошно истражување со детето – се согласува Равело.

Исто така, не поставувајте ги истите прашања секој ден, некое избирете еднаш или два пати, пишува Pure Wow.

Leave a Reply