Како да препознаете терорист? – карактеристики кои лесно ги оддаваат

Сподели со своите пријатели

Упатството на скоро сите ситуации е дадено и порано од страна на ФБИ, но не е на одмет да се присетиме на него, со оглед на случувањата.

Loading...

Во нив посебно се нагласува на што треба да внимаваат сопствениците на салони за тетовирање, пејнтбол центри, вработени во продавници и трогвски центри, интернет кафичи или продавници со електронски уреди.

На продавачите им се советува да побараат лична карта од секоја личност која од нив ќе купи поголема количина некои хемикалии, сопствениците на пејхтбол центри мора да внимаваат ако нивните постојани гости често го менуваат изгледот.

Вработените во продавници со електронска опрема треба да запаметат доколку забележат дека купувачите имаат изгореници по телото или им недостасува дел од рака.

Американското министерство за домашна безбедност (DHS), подносно неговото одделение во Њу Џерси има издадено документ под името „Свесноста за тероризмот и неговата превенција“ во кое на граѓаните им се советува да ги препознаат сомнителните однесувања, односно потенцијалните терористи. Според наводите од документите, скоро се може да се окарактеризира како сомнително однесување.

Така да доколку некоја личност има опасни намери, ќе ги направи следни работи: ќе завлечува во разговорот, повеќе пати ќе си го допре лицето, ќе дише забрзано, ќе се поти необично многу, ќе превртува со очите, ќе се тресе и ќе има наежена коса.

Со тоа не треба да се оди во крајност, но доколку забележите нешто крајно необично, не е на одмет да имате доза на здрав скептицизам.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.