Иако кучињата не можат точно да ви кажат што чувствуваат, секогаш можат да покажат однесување слично на човечката депресија.
Ако вашиот ветеринар ја исклучи здравствената состојба, можеби е во прашање депресија кај кучето, а ова се следните знаци.
1. Не се расположени за игра
Депресивно или тажно куче нема да има исти енергетски нивоа како и претходно, а вообичаеното време за играње и вежбање нема толку да го весели вашипт миленик.
– Можеби нивната омилена работа е фрлање тениско топче и одеднаш тие тоа не го сакаат, рекла ветеринарката Кати Нелсон од Вирџинија.
2. Губење интерес за омилените активности.
Клучно е да забележите дали вашето тужно куче има необјаснива промена во однесувањето или престанува да ужива во други активности кои ги сакало, вели Кели Рајан, директор на ветеринарната служба во Медицински центар во Мисури, САД.
3. Не јаде поголем дел од храната од чинијата
Токму како што може да изгуите апетите и вие кога се чувствувате лши, така и тажните кучиња. Ако вашето куче не покажува вообичаена желба з ахрана или дури губи на тежина, тоа може да доживува депресија, вели Расел Хартстејн, тренер за кучиња од Лос Анџелес.
4. Спие повеќе од вообичаеното
Секое животно е поинакво, така да нема ниту еден час за спиење кој би сигнализирал депресија на кучето. Само обратете внимание ако вашето куче повеќе време минува во кревет од обично.
– Ако вашето 15-годишно куче нормално спие 14 часа дневно и сега спие 20, тоа би била голема разлика, вели др. Рајан.
5. Смртен случај во семејството
Не сте единствени кои жалите за губиток на член во семејството или некој друг миленик, вашето куче исто така треба да тагува и може да мине низ тежок период.
– Не можете навистина да го забрзате тој процес на тагување, но можете да ги утешите и да бидете чувствителни на нивните потреби, вели Хартстејн.
6. Поголем дел од времето минува дома
На кучињата им е потребен простор да трчаат околу и да можат да станат тажни ако не им се пружи можност.
– Ако постојано бидете во затворен простор, освен кога ќе излезете во дворот или шетате околу блокот, не би биле исполнети и би биле депресивни, вели Хартстејн.
Истото важи и за кучињата, па одвојте време да го одветеде кучето на долги прошетки или во парк. Кога ќе почне да ја добива слободата за која чезнее, вашиот миленик полека ќе ја добие енергијата назад.
7. Покажува изненадни знаци на агресија
Депресивно куче може да започне да ржи кога ќе го допрете.
– Тоа не е секогаш тажно, изгубеното лице за кое сметате дека е лице на депресија. Депресијата не би требало да биде вашата прва помисла, ако вашето куче биде агресивно, но ако е мирно куче кое одеднаш напаѓа, тогаш може да се каже дека нешто не е во ред, вели др. Нелсон.
8. Ако постојано лиже
Животните не лижат секогашп за да се исчистат, понекогаш тоа го прават за да се чувствуваат подобро. Иако тоа не е чест симптом за депресија кај кучињата, тоа не е невозоможно.
– Ако кучињата имаат проблеми со анскиозност, би можеле да работите пвоеќе на компулзивното однесување кое може да биде смосмирувачко, вели др. Рајан.