Како да носите отворен фустан, а да не ви се види градникот? Одличен трик за сите дами (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фустаните со отворен грб се апсолутен тренд ова лето. Би било добро ако тенот ви е исончан ако носите ваков модел, а недозволиво е да се види градник под фустанот.

Loading...

Доколку немате модел на градник кој ви се прицврстува околу вратот, можете да го користите генијалниот трик на една корисничка на „Тик-Ток“. Таа предлага да го избегнете овој моден проблем со закопчување на градникот однапред, а не одзади. Звучи чудно, но ефектот е фантастичен.

На видеото таа покажува колку е лесно да се направи, а овој ефикасен трик го коментираа бројни дами кои беа воодушевени.

Лесни ленени фустани со отворен грб се одлична опција за лежерен изглед. Затоа, не дозволувајте ништо да ве спречи да бидете како филмска хероина.

 

 

@michelimartinenghiComo esconder seu sutiã? #lojalaconquista #dica #michelimartinenghi #tendencia #dicas #moda♬ sonido original – Avengers

Leave a Reply