Како да изгледате подобро наутро?

Сподели со своите пријатели

Најдоброто време за користење на различни козметички производи, кои се насочени главно кон нега на кожата, е во текот на ноќта.

Тоа е затоа што во текот на овие часови, во кои уживате во длабок и освежувачки сон, кожата исто се одмара.

Отсуството на каква и да е пудра, коректори и слично, му помага на целото лице да дише и да се регенерира.

Има како да го забрзате процесот на разубавување ноќе со одредени тактики.Испробајте ги и бидете сигурни дека да се разубавите за една ноќ е буквално можно.

Еве ги најбараните ефекти и начините да ги постигнете.

1. Навлажнување

Независно од видот, кожата ја губи влагата во текот на ноќта, затоа изградете навика секоја ноќ да нанесуувате соодветен крем. Не заборавајте дека треба да нанесувате како на лицето, така и врз деколтето. Речиси секое растително масло е добар избор ако сте решиле да се свртите целосно кон природата за помош.Препорачуваме арганово, бадемово или грозјово масло – тие се исклучително богати со полинезаситени масти и можат да направат чуда за сувата кожа и брчки.

2. “Поправете” ги рацете

Тешко е да остане мека и убава кожата на рацете, особено имајќи предвид дека тоа е оној дел од телото кој е најизложен на разни фактори на ризик како удар, студен ветер и нечистотија. Секоја вечер пред да си легнете, намачкајте ги обилно рацете така, како што инаку нема да можете во текот на денот. Почекајте добро да се впие и тогаш заспијте.

3. Зацврстете ги ноктите

Можете да го користите времето за спиење и за да ги зајакнете ноктите. Козметичките брендови имаат креирано производи за обнова кои содржат главно природни состојки. Не заборавајте и на кутикулите – нанесете малку крем за раце или маслиново масло, за да им помогнете да добијат здрав изглед.