Како да го спречите опаѓањето на косата?

Сподели со своите пријатели

Без разлика дали ве мачат љубовта, финансиските или некои други проблеми, стресот на кој сте изложени поради тоа влијае на целиот организам, без притоа да бидете свесни за тоа.

Loading...

Екстремен стрес може да го запре дури и растот на косата, што може да биде резултат на зголемено лачење на хормонот кортизол. Го менува нормалниот циклус на фоликулите на косата и може да доведе до опаѓање на косата.

Губење на косата не се јавува веднаш, но приближно три месеци по стресен настан. Преголемото опаѓање на косата како резултат на стресот дополнително ја нарушува самодовербата на личност која веќе има проблем, но со доволно трпеливост – важно е да се знае дека овој проблем може да се надмине.

За да спречите губење на косата предизвикано од стрес, треба да го намалите нивото на нејзината изложеност. Како го постигнувате тоа кога едноставно не можете да влијаете врз многу работи? Обидете се да влијаете на она што е во ваша моќ.

Поминете време во друштво на оние што ги сакате. Семејството и пријателите ќе ви го подобрат расположението, а во нивно друштво ќе заборавите што ве мачи. Подеднакво е важно да имате доволно сон.

Многумина не се ни свесни за тоа колку е важен ноќниот одмор (а најмногу се одмараме во сонот) и колку тоа влијае на нивото на енергија. А добро балансирана исхрана со соодветна доза на здрава храна, ќе ви обезбеди со гориво за секојдневните предизвици, а во исто време ќе се ви биде полесно да се справите со стресот.

Важноста на физичката активност исто така не треба да се заборава. Без разлика кој спорт го сакате, тренингот е корисен – и за вашето физичко и ментално здравје.

Ако опаѓањето на косата како резултат на стресот е она низ што минувате, бидете трпеливи и упорни. Косата ќе порасне повторно, но ќе потрае некое време. За да го забрзате враќањето во нормала, можете да пробате и некои козметички препарати кои содржат миноксидил, познат по стимулирање на циркулацијата и раст на косата.

Loading...

Ако забележите дека вашата коса опаѓа во големи количини, посетете дерматолог – тој сигурно ќе ви препише соодветен ефикасен третман.

Leave a Reply