Сите сме запознаени со страшниот пад во енергијата попладне. Времето помеѓу 14: 00-17: 00 часот, како да се оддолжува премногу долго, особено кога сме на работа.
Се чувствуваме истовремено расеани и исцрпени, а се очекува да бидеме фокусирани и продуктивни. Многу луѓе се обидуваат да се справат со овој замор и поспаност, посегнувајќи по кафе.
Постојат меѓутоа многу други алтернативни начини да се расоните и освежите без помош на кофеинот.
Еве некои од нив:
- Каснете лесен ручек
По обилен ручек нема начин да не ви се приспие. Затоа, ако не сакате ниски нивоа на енергијата во попладневните часови, избегнувајте тешка храна на ручек во текот на работната недела. Се држите настрана од богатата храна на јаглехидрати, бидејќи тие го успоруваат варењето. Наместо тоа изберете лесни опции како салати, тост со авокадо или посно месо и др.
- Испијте еден цеден сок
Така како што мирисот на лаванда и еукалиптус може да ви помогне да се смирите и да заспиете побрзо, така мирисот на цитрус може да ве разбуди и да го освежи денот. Можете да испиете цеден сок од портокал и грејпфрут или едноставно да исечете неколку парчиња лимон во водата. Веднаш ќе се чувствувате разбудени.
- Направете прошетка
Излезете на кратка прошетка надвор од канцеларијата. Таа веднаш ќе го врати вашиот тонус. Истражувањата покажуваат дека вработените кои стануваат почесто од бирото, одржуваат повисоки нивоа на енергија и концентрација. Ако немате време за прошетка, качувајте се неколку ката по скалите – тоа исто така ќе помогне.
- Пуштете поенергична музика
Пуштете музика со енергичен ритам, слична на онаа која се слуша во фитнес салата за време на кардио сесија или часот по аеробик. Музиката ќе го стимулира остатокот од попладнето.
- Испрскајте го лицето со вода
Понекогаш ништо друго освен една ладен млаз вода на лицето не може да ве разбуди подобро. Значи, пробајте да се испрскате. Можете да користите спреј за лице за хидратација.
- Џвакајте мастика
Одберете посилно ароматизирана гума за џвакање која ќе го освежи вашето попладне. Може да се обложувате и на позачинети вкусови.
- Разговарајте со колегите
Важно е да си правите повремени паузи во текот на работата, за да останете попродуктивни. Наместо едноставно да испратите е-маил на колегата од горниот кат, прошетајте се до неговиот кабинет и поразговарајте очи во очи.
- Пијте повеќе вода
Важно е да пиете повеќе вода, за да биде вашето тело хидрирано и да не почувствувате замор. Не заборавајте да пиете вода во текот на целиот ден, за да ја избегнете поспаноста.
- Планирајте обврските внимателно
Ако знаете дека некој ваш колега има роденден и ќе нападне со јаглехидратна храна (колачи, бонбони, слатки), тогаш испланирајте ги најважните задачи за денот пред забавта во канцеларијата.Во овој ден избегнувајте важни состаноци во попладневните часови.
- Седнете до отворен прозорец
Истражувањата покажуваат дека вработените кои имаат пристап до дневна светлина, се значително побудни од оние кои цел ден работат во просторија со вештачка светлина. Обидете се да седите до прозорецот најмалку половина час за време на вашето работно попладне.