Во односите со пријателите секогаш има простор нешто да направите подобро. Поголемиот дел од луѓето веруваат дека знаат како е да се биде вистински пријател, но… Угледајте се на сопствените искуства и ќе сфатите дека тоа не е секогаш така.
Понекогаш, се испоставува дека проблемот бил во луѓето, понекогаш, околностите доведуваат до тоа некои пријателства да згаснат. А понекогап, иако е тешко да се признае, ќе се испостави дека самите сме виновни за тоа што сме се одалечиле од некои личности кои ни биле блиски и драги.
Она што често луѓето го забораваат е дека пријателствата се важни сто што и за романтичните врски: мора да се негуваат. Не можат да траат „сами од себе“. Па еве што можете да сторите, за да бидете подобар пијател за лицат акои ви се важни во животот.
Понекогаш, не треба да чекате повик, туку едноставно да се појавите.
Ако некој од вашите пријатели имал незгода, ако сте слушнале дека минува низ тежок раскид или развод, не чекајде таа личност да ве замоли да и се најдете. Понудете се самите. Појавете се, обидете се да помогнете и ставете му до знаење на пријателот дека сте тука, што и да се случи. Истото важи и за големите причини за прослави. Диплимирање, нова работа… Дојдете, донесете шише вино или колачи и прославете го заедно почетокот на новата фаза во животот.
Изразете благодарност
Не мислете дека се подразбира це ги цените убавите работи кои вашиот пријател ги прави за вас. Ако некој ви се најде кога ви е тешко, или дојде да сподели радост со вас и возбудување поради некои прекрасни чекори кои ви се случуваат, немојте да мислите дека таа личност знае дека нивната поддршка ви значела ако тоа не сте го изговориле. Едно „благодарам“ и прегратка можат односнот да го засилат повеќе од што можете да претпоставите.
Одржувајте рамнотежа
Пријателствата се двонасочна улица, важно е да возвраќате со иста мерка. Понекогаш тоа може да биде комплицирано, но ако очекувате пријателите да ви се „најдат“ кога помошта ви е потребна, ќе мора да најдете начин да бидете тука за нив, без оглед на тоа дали имате работа преку глава.
Не осудувајте
Не судете им на другите. Наместо тоа, дури и кога не се сложувате со некои постапки на личноста со која се дружите, обидете се проблемот да го согледате од нивна перспектива. Зошто го направиле тоа нешто што вие можеби го осудувате? Какви се околностите кои довеле до тоа? Покажете емпатија и слушајте. Не ја бирајте страната, но не осудувајте однапред.
Пријателите се тука да не поддржат дури и ако не ве разбираат сосема.
Остатокот од светот и онака лепи етикети многу бргу.