Тие се синоним за убавина, но онаа природната, која пластичната хирургија ја нема видено. Но, да се во врвот на популарноста денес, во денешниот свет, со ваквите стандарди за убавина, како би изгледале?
Дали можеби би ставиле силикони во уста? Доколку одговорот е да, еве како би изгледале.
Со само 16 години Кајли Џенер во усните ја стави првата инекција која произведе цела генерација девојки и жени кои започнаа да ги пумпаат усните.
Кајли по неколку години ги намалу усните, но интересот за филерите не престана. Тоа е огледало на денешното општество оспеднато со лажни слики од нашите „совршени животи“ и истите такви лица.
Колажот на уметникот Мет Меитлент тоа го искористил на најдобар начин. Благодарение на вистинските ѕвезди кои го обележале златното време на Холивуд, жените кои и денес важат за икони на стилот, харизма и сексапил, се обидел да ги прикаже како би изгледале со зголемени усни, по денешните стандарди за убавина.
Резултатот е смешен. Меитленд не сакал да критикува, туку да го прикаже на свој начин феноменот на современото време.
Грејс Кели
Одхри Хепберн
Елизабет Тејлор
Мерлин Монро