Како ананасот може да ѝ помогне на планетата да се избори со вирусот?

Сподели со своите пријатели

Австралиските истражувачи тестираат револуционерен третман за коронавирусот добиен од омиленото егзотично овошје, ананас!

Професорот Дејвид Морис од болницата „Сент Џорџ“ во Сиднеј и неговиот тим адаптираат постојен лек што се користи кај пациенти со карцином.

Лекот, кој го содржи ензимот од ананас, има деструктивно дејство врз протеинските „шила“ што коронавирусот го користи за да зарази клетки во човечкото тело.

Научниот тим го надгради и подобри овој лек претворајќи го во спреј за нос, за што се надеваат дека ќе можат да го запрат ширењето на вирусот од носот и грлото до белите дробови.

Тестирањето на спрејот треба да започне во болницата во Мелбурн следниот месец.

„Ние зедовме лек кој е развиен повеќе од една деценија со намера да се прилагодиме за лекување на лица заразени со корона. Резултатите од тестот покажуваат дека овој лек може да ги оневозможи познатите шила на вирусот и да го спречи да инфицира други клетки”, рече проф. Д-р Дејвид Морис

Овој ензим од ананас би можел да биде важен клуч во спречувањето на ширење на ковид-19, а светот ги очекува резултатите од тестирањето врз општата популација и производството на овој спреј за нос.

Leave a Reply