Кајмакоски ќе донира 25 илјади евра за седумгодишниот Александар од Куманово

Сподели со своите пријатели

Даниел Кајмакоски е победникот на третата сезона на хуманитарното музичко поу „Твоето лице звучи познато“, а со тоа стана добитник на 25.000 евра кои тој одлучи да ги донира на семејство од Куманово.

Јасмина Додевска мајката на седумгодишниот Александар Додевски од Куманово кој е заболен од цироза на црниот дроб, за што е потребна операција која чини 100 илјади евра, пари кои Јасмина не може да ги приушти.

Ви благодарам многу луѓе. Додека траеше шоуто, размислував каде да ги донирам парите доколку победам. Решив парите да ѝ ги дадам на една самохрана мајка која има две болни деца кои боледуваат од иста болест, таа е од Куманово, а за операција на децата се потребни 100.000 евра. Се надевам дека ја донесов вистинската одлука – рече Даниел по прогласувањето на победата.

Инаку проблемот на семејството Додевски минатиот месец преку прилог на Канал 5 телевизија го претстави дописничката од Куманово, Снежа Петковска, кога нивната мајка побара помош од хуманите граѓани.