Нуркачи проначле зачини, девет бронзени топови со угравиран грб на Португалија, кинеска керамика и школки кои биле користени како пари за трговијата со робови во колонијалниот период.
Археолозите кај брегот на Португалија пронашле остатоци од брод стар 400 години, за кој веруваат дека потонал кај Лисабон откако се вратил од Индија полн со зачини, соопштиле експертите.
– Од аспект на наследството, ова е откритие на деценијата. Во Португалија ова е најзначајно откритие на сите времиња, рекол директорот на истражувачкиот проект Хорхе Фреире, пренесува Ројтерс, со напомена дека остатоците се пронајдени во рамките на 10-годишниот археолошки проект.
Пронајдени остатоци од брод со богатство од 17 милијарди долари

