Кај полицајци пронајдени предмети од Прифатен центар за странци

Сподели со своите пријатели

Во текот на месец декември, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 59 решенија против 59 вработени во Министерството за внатрешни работи, поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од неколку членови од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на 46 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на пет вработени – мерка „писмено предупредување“, на четири вработени – мерка „запирање на постапката“, на двајца вработени – мерка „распоредување“ и на двајца вработени – мерка „отказ.

На тројца полицајци во Полициската станица на ГН Гошинце за ГН Север, изречена им е мерка парична каза во износ од 15% од месечната плата за еден месец, затоа што кај нив биле пронајдени предмети кои потекнувале од Прифатниот центар за странци.

Уште двајца полициски службеници од истата Полициска станица се казнети со парична казна во износ од 15% од месечната плата, но на три месеци, затоа што поради невнимание дозволиле од Прифатниот центар да избегаат двајца странски државјани.

Парична казна во висина од 15% од месечната плата за следните шест месеци ќе добие и Виш референт-самостоен техничар во ОЗР, Сектор за внатрешни работи – Куманово, затоа што не почитувал издадена наредба од старешина на начин што остварил прекувремени работни часови, а за истото не го известил надредениот старешина.

Со отказно решение е казнет полицаец од ПСОН-Крива Паланка, инаку дел од Секторот за внатрешни работи – Куманово, затоа што за себе прибавил против правна имотна корист.

Половина година помала плата за 15% ќе им и полицаец од Полициската станица од Општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Куманово, поради тоа што избегнувал лекарски преглед заради утврдување на работна способност.