Кај двајца возачи откриени фалсификувани броеви на шасии

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, во два одвоени случаи се поднесени кривични пријави за фалсификување на патни исправи.

Loading...

Во првиот случај, во март годинава при контрола на патничко моторно возило марка „Ауди“, полициските службеници откриле фалсификуван број на шасија под ветробранското стакло на втомобилот. Против возачот Р.Џ. (43) од Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за фалсификување на патна исправа.

Во вториот случај пак, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Н. (39) од битолското село Лозани исто така за фалсификување на патна исправа. Имено во февруари годинава од страна на полициските службеници е извршена контрола над патничко возило марка „Голф“ при што е утврдено дека возилото по пат на механичка обработка има втиснат нов број на шасија.

И двајцата ќе се теретат за сторено кривично дело – „фалсификување на патна исправа.“


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.