Кафето има и негативни ефекти, обрнете внимание: Не сте ни свесни што се случува во вашето тело!

Сподели со своите пријатели

Кафето е несомнено еден од омилените пијалоци на луѓето ширум светот.

Loading...

Многумина не можат да замислат ден без кафе.

Сепак, има и позитивни и негативни ефекти ако го пиете секој ден.

Кафето е направено е од печени зрна. Степенот на нивното печење влијае на јачината на пијалокот. Ова важи само за кафе направено во кафемат или сварено, домашно кафе без додадено млеко. Инстант кафето не се зема предвид бидејќи неговата јачина е помала од зрната кафе.

 

 

Негативни ефекти на кафето

Loading...

Како прво, советот е да не пиете кафе на празен стомак бидејќи тоа може да доведе до гастритис. Кафето има тенденција да ја зголеми киселоста во стомакот, крвниот притисок и може да го наруши вашето спиење. Конзерванси содржани во него негативно влијаат на метаболизмот и предизвикуваат развој на целулит.

Исто така, кафето не се препорачува за жени за време на бременост и доење. Кофеинот ја преминува плацентата, предизвикувајќи намалување на железото и други минерали во мајчиното млеко. Факт е дека кафето предизвикува зависност, а го дехидрира телото.

 

 

Позитивни ефекти

Кафето содржи антиоксиданси кои ги отстрануваат слободните радикали од телото. Исто така, многу луѓе посегнуваат по шолја кафе кога имаат главоболка бидејќи кафето помага да се реши главоболката со проширување на крвните садови во мозокот.

Зошто не се препорачува да пиете кафе откако ќе се разбудите наутро?

Loading...

Хормонот кортизол се синтетизира од телото во текот на денот, помагајќи ни да се разбудиме наутро и да заспиеме навечер. Во утрото, нивото на кортизол е највисоко, и со пиење кафе во тоа време, ќе ја блокираме синтезата на овој хормон, и по некое време, будењето ќе биде потешко. Производството на кортизол се јавува од 6 до 9 часот наутро, а максималното се случува од 8 до 9 часот наутро, така што оптималното време за шолја кафе е 10 часа или после ручек.

 

 

Што се случува ако престанете да пиете кафе?

Кофеинот го уништува витаминот Б, ја намалува концентрацијата на минерали како железо, калциум, цинк и други минерали и витамини. Ако престанете да пиете кафе секој ден, телото подобро ќе ги апсорбира овие витамини.

Само една шолја кафе ја одложува апсорпцијата на калциум три часа. Покрај тоа, ќе заборавите на проблемите со црниот дроб. Кафето тешко се вари, а црниот дроб произведува ензими кои го разложуваат и метаболизираат кафето.

 

Loading...