Кафетерии за љубители на прасиња – нов хит во светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кафетериите во кои можете да галите мачки станаа веќе добро познати,  а иновативните Јапонци измислиле нешто пооргинално, кафетерија за љубители на прасиња.

Loading...

„Mipig coffee shop“ отворен е во март во Тоико и е дом на мали прасиња.

Идејата се родила поради се поголемата популарност на прасињата како домашни миленици во Америка, а оние кои го смислиле проектот сакаат овие симпатични животни да им ги доближат на Јапонците.

– Нивните носиња се студени, но телата им се многу топли, изјавил еден посетител.

Loading...

Иако ова е прва кафетерија која вдомува прасиња, не е прв пат некој да промовира ваков концепт. Во Лондон во 2015 година одржан е „pignic weekend“ на кој гостите можеле да галат прасиња.

Фото: Instagram/jpmipig


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *