Една неодамнешна студија покажа што одредува човекот да биде љубител на чај, односно да преферира кафе.
Поточно, голем дел од одговорноста за тоа лежи во генетиката.
6 симптоми со кои телото ви кажува дека претерувате со кафето
Кафе или чај
Една австралиска студија покажа дека дали ќе бидеме љубител на кафе или чај одлучува генетиката.
Според коавторот на студијата, Даниел Лианг-Дар Хванг од Универзитетот во Бризбејн, студијата опфаќа многу голем примерок за да открие дали перцепцијата за горчината влијае на тоа дали некој консумира чај или кафе.
Намирница која може да ве разбуди побрзо од кафето
Според резултатите, луѓето кои се чувствителни на горчливост уживаат во кафето, но не го пијат најмногу.
Како што истакнува Лианг-Дар Хванг, генетиката влијае на перцепцијата на горчината повеќе од перцепцијата за сладост.
Перцепцијата на вкусот е исто така под влијание на однесувањето. Имено, луѓето кои не сакаат горчина, сигурно можат да научат да го ценат горчливиот вкус на храната.
ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење
Оние кои пијат кафе се генерално помалку чувствителни на горчина од оние кои пијат чај и повеќе ќе ја ценат горчината на другите намирници.
Студијата опфатила генетски податоци на 438.000 Британци, а според научниците кои ја спровеле, резултатите не можат да бидат генерализирани, односно не можат да се применат во други култури и земји.