Кафе бар „Револушн“ вечерва во хуманитарна акција

Сподели со своите пријатели

14017905_10210578448924478_242228343_nМартинијан Кириловски, DeMarble, Драгана Арсовска и DJ Штекер вечерва ќе ги забавуваат сите оние кои ќе се одлучат последниот ден од викендот да го поминат во најдобриот кафе бар во градот.

„Револушн“ во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Куманово ќе постави и донаторска кутија во која присутните ќе можат да донираат за сите загрозени лица од поплавите кои пред една недела ги погодија скопските реони.

Да покажеме уште еднаш дека Куманово знае да биде хуман и солидарен град.