Кадиров: Русија до крајот на годината ќе ги окупира Киев, Харков и Одеса

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, предложи Москва да ја преземе контролата врз три големи украински градови до крајот на годината.

Loading...

Имено, тој рече дека Русија 100 отсто ќе ја заврши задачата поставена за Украина до крајот на декември.

Во интервјуто, Кадиров инсистираше на тоа дека Русија има средства и капацитет да го освои Киев, главниот град на Украина од кој беше протеран во првите недели од војната, и дека мора да ги освои Харков и Одеса.

„Верувам дека до крајот на годината стопроцентно ќе ја завршиме задачата што ни беше поставена денеска“, изјави чеченскиот претседател, а пренесува „Скај њуз“.

Бидејќи ниту една страна не е подготвена да направи отстапки, се чини дека има мали изгледи за мировни преговори меѓу Русија и Украина. Кадиров рече:

„Седнете на преговарачка маса со Зеленски? Мислам дека тоа е погрешно“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.