Кадиров му одговори на папата: Tој е жртва на пропаганда

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го критикуваше папата Франциск за изјавата дека чеченските и бурјатските припадници на руските вооружени сили во Украина покажуваат поголема суровост од етничките Руси.

Loading...

Кадиров на Телеграм напиша дека е срамно што папата не знае како муслиманите се однесуваат кон непријателот, додавајќи дека папата е „жртва на пропагандата и на упорноста на странските медиуми“, пишува Индекс, пренесува Ослобоѓење.

„Ние не започнуваме битка без да дадеме понуда за мир, исто како што направи нашиот пророк Мухамед. И тоа веројатно го направивме десетици пати од почетокот на специјалната воена операција“, додаде тој.

„А за начинот на кој Чеченците се однесуваат кон затворениците, без разлика дали се сурови кон нас или не, ќе ви кажат украинските војници што ги држевме во заробеништво. Да, ние ревносно ја чуваме нашата татковина, нашата религија, нашиот народ. Го повикуваме непријателот да се предаде, а нашите граѓани да застанат во одбрана. Дали е ова навистина суровост?“, заклучи Кадиров.

Рускиот амбасадор во Ватикан, Александар Авдеев, испрати протестна нота поради изјавата на папата, изразувајќи го својот „гнев поради инсинуациите“.

Шефот на Бурјатија, Алексеј Циденов, зборовите на Папата ги окарактеризира како „чудни“, додека претседателот на чеченскиот парламент, Магомед Даудов ги нарече „примитивни“, пренесува Медуза, пренесува Индек.хр.

Да потсетиме, поглаварот на Католичката црква, папата Франциско, во големото интервју за американскиот језуитски магазин America – Jesuit Review коментираше повеќе актуелни теми, меѓу кои и војната во Украина.

Дописникот на весникот од Ватикан, Џерард О’Конел, кој го водеше интервјуто со папата, рече дека многумина во САД се збунети од неподготвеноста на папата директно да ја критикува Русија за нејзината агресија во Украина.

Loading...

„Кога зборувам за Украина, зборувам за народ кој е маченик. Ако имаш маченички народ, има кој го мачи. Кога зборувам за Украина, зборувам за суровост бидејќи имам многу информации за суровоста на војниците кои доаѓаат во Украина. Во принцип, можеби најсуровите се оние кои доаѓаат од Русија и не припаѓаат на руската традиција, како што се Чеченците, Бурјатите и сл. Секако, таа што напаѓа е руската држава. Тоа е многу јасно. Некогаш се трудам да не прецизирам за да не навредам, туку општо да осудувам, иако добро се знае кого осудувам. Не е неопходно да се наведуваат моето име и презиме“, рече папата Фрањо.