Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави видео на социјалните мрежи во кое наведува дека „украинското прашање е решено“ и дека е „заинтересиран за Полска“.
Видеото кое трае 34 секунди досега е прегледано повеќе од 140.000 пати.
Јапонските и американските сили извршија заеднички лет на борбени авиони
– Украинското прашање е решено. Заинтересиран сум за Полска. Полска, што се обидува да постигне? – се слуша како зборува Кадиров на видеото кое го објави новинарот на Би-Би-Си Френсис Стар.
Во видеото, Кадиров потоа почнува сериозно да се заканува.
– По Украина, ако добиеме наредба, ќе ви покажеме што можеме да направиме за шест секунди. Подобро да си го вратите оружјето и платениците и официјално да побарате прошка за тоа што му го направивте на нашиот амбасадор. Тоа нема да го игнорираме, имајте го на ум – рече Кадиров.
Се верува дека Кадиров мислел на Сергеј Андреев, рускиот амбасадор во Полска, кој беше нападнат во Варшава на 9 мај, за време на Денот на победата. Имено, Андрејева била посипана со црвен сируп, поради што Москва остро реагирала.
Poland, Ramzan Kadyrov has set his eyes on you
(with subtitles, including all ‘dons’ for purposes of accuracy) pic.twitter.com/nSOq9BNQjn
— Francis Scarr (@francis_scarr) May 25, 2022

