Кадиров: Чеченски борци испратени на границата меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Чеченски борци се распоредени во руската област Белгород, која граничи со Украина, за да спречат напади на „украинските диверзантски групи“, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Loading...

Во последниот месец, регионот на Белгород пријави серија прекугранични упади на „проукраински руски партизански групи кои себеси се нарекуваат противници на претседателот Владимир Путин“, пренесува Ројтерс.

Кадиров рече дека борците од баталјонот Запад-Ахмат биле распоредени во близина на пограничното село Нехотеевка и контролен пункт во областа Граиворон, местото на прекуграничен напад во мај.

„Жителите на териториите долж границата со Украина можат да бидат мирни. Кој и да влезе во нашите граници ќе добие брз одговор“, напиша Кадиров на Телеграм.

Украина негира вмешаност во прекугранични напади, додава Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.