Западните земји спроведоа „промислен и лукав план“ во Украина, кој се обидоа да го спроведат во Чеченија во текот на 1990-тите, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
„Ние во Чеченија го преживеавме тоа сценарио. Странски платеници, нацизам, тони оружје, громогласни изјави кои немаат основа. Сето тоа се повторува. Нема сомнеж, тоа е промислен и лукав план. Само Русија ги има сите можности да се спротивстави на тој процес“, напиша Кадиров на Телеграм.
Тој исто така рече дека резултатот од тој план треба да биде „уништување на Русија, кражба на нејзините ресурси и целосна моќ над светот од страна на други нуклеарни држави“.
„Сигурен сум дека тоа никогаш нема да се случи“, рече тој.
Кадиров додаде дека Чеченците научиле да се борат, дека имале добра практика и дека сега се обврзани да ја заштитат својата земја.
Авион со 22 патници се урна во Непал, досега пронајдени 14 тела
„Русија нѐ заштити, Русија на чело со Владимир Путин ја обнови нашата република. Денеска сме должни да ја покажеме нашата лојалност“, заклучи чеченскиот лидер.