Лавров одговори на гласините дека Путин е болен

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли шпекулациите дека претседателот Владимир Путин е болен.

Loading...

– Не мислам дека разумните луѓе можат да видат кај оваа личност знаци на некоја болест или тегоба – рече Лавров во интервју за француската телевизија TF1.

 

Авион со 22 патници се урна во Непал, досега пронајдени 14 тела

 

Лавров додаде дека Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, се појавува во јавноста „секој ден“.

– Можете да го гледате на екраните, да читате и да ги слушате неговите говори. Тоа го оставам на совеста на оние кои шират такви гласини – рече Лавров во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

 

Loading...

Бразил: Најмалку 56 загинати во поплави и лизгање на земјиштето (ВИДЕО)

 

Во последните недели се појавија гласини за влошена здравствена состојба на рускиот претседател, што Лавров сега ги демантираше.

Здравјето и приватниот живот на Путин се табу теми во Русија и за нив речиси никогаш не се зборува во јавноста.