Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги критикуваше.
– Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Немаат! Дали имаат чувство за чест? Немаат! Чувство на достоинство? Не! Некои морални вредности? Немаат! – рече Кадиров.
Татковината во опасност
Тој истакна дека е особено изненаден од некои мажи на Кавказ.
– Луѓе, мислите ли дека бегате од смртта – напиша тој на Телеграм.
Тој истакна дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.
– Со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била под закана во последните 20 години. И само благодарение на јасната и компетентна политика на рускиот претседател Владимир Путин не успеаја – рече тој.
Притисок врз Русија
Тој исто така истакнува дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.
Тој посочува дека им дава збор дека ако не ги бранат нивните интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси.
– Ќе ги изгубиме суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе ни дојдат во сите домови. Одлучете сами и ние Чеченците ќе ја браниме нашата земја и ќе ја исполниме наредбата на претседателот на државата – заклучи Кадиров.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.