Западните политичари треба да се откажат од стратегијата за распаѓање на Русија и да размислуваат како да градат соработка со неа, напиша лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм.
„Западниот свет очигледно сè уште не може да разбере една работа. Денешна Русија не е Сојуз на републики на Горбачов и не е територија на Елцин, изградена на државен удар, дефицит и неликвидност. Ова е сосема поинаква и силна Русија, а вие западните политичари не треба да ја преиспитувате стратегијата на распаѓање на Русија, туку односот кон соработката со неа. Од земја која беше ограбена и понижена од Западот во изминатите 20 години се претвори во земја со силна политичка структура, реорганизирана во согласност со стратешките цели, закоравена и непоколеблива“, рече Кадиров на каналот Телеграм.
Тој додаде дека не вреди западните земји да се караат со Русија.
„Како што со право забележа нашиот претседател Владимир Путин, ако некој се обиде да одгризе дел од нашата земја, ќе остане без заби“, посочи Кадиров.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.