Каде се пие најмногу алкохол во светот?

Сподели со своите пријатели

Списанието „Лансет“ објави истражување на научници за тоа колку во просек пијат одредени нации. Како што се испоставило, најмногу алкохол консумираат жителите на Романија и Украина.

Експерти од Универзитетот Вашинтон и Фондот „Бил и Мелиса Гејтс“ извршиле истражување за употребата на алкохолот во кое учествувале 1.282 лица. Како што се покажало, во просек во светот жените дневно пијат 0,73 „порции“, а мажите 1,7 „порции (една порција е еквивалент на 100 милилитри црвено вино, 280 милилитри пиво или 30 милилитри силен алкохолен пијалак).

Кои нации во светот се најмрзливи?

Loading...

Од мажите најмногу пијат Романците, кои во просек пијат 8,2 порции алкохол дневно. Зад нив следуваат жителите на Португалија и Луксембург (по 7,2 порции дневно), како и Литаванија и Украина (по сеудм порции).

Меѓу жените најголеми љубителки на алкохолот се дамите во Украина (4,2 порции дневно), а потоа следуваат Андора, Луксмбруг и Белорусија (по 3,4 порции), потоа Шведска, Данска и Ирска (по 3,1 порција).

 

 

Наведени се и најтрезните нации: мажите во Пакистан (0,0007 порции) и жентие во Иран (0,0003 порции).

Leave a Reply