Каде е сега автомобилот „Tesla Roadster“, кој во 2018та беше лансиран во вселената?

Сподели со своите пријатели

Пред четири години, ракета Фалкон Хеви однесе автомобил Тесла Роудстер во вселената со кукла на вселенски патник по име Старман по песна на Дејвид Боуви.

Loading...

Набрзо пристигнаа првите снимки од вселената од ова возило, придружени со музиката на Боуви.

 

 

Денес, малку заборавениот Roadster сè уште патува низ вселената, а благодарение на Whereisroadster.com, знаеме и каде се наоѓа.

Во моментов се движи кон Марс, со брзина од најмалку 27.000 km/h. Сегашната позиција е оддалечена дури 377 милиони километри од Земјата и околу 320 милиони километри од Марс.

 

Loading...

 

Ако се прашувате што остана од автомобилот, можеби нема да ви се допадне одговорот.

Радијацијата си го направи своето, толку многу материјали досега се распаднале.

Камерите се исклучија, а материјалите како кожа и пластика исчезнале.

Исклучок е алуминиумската рамка на автомобилот, која се уште е недопрена, сметаат научниците.