Кабинетот на Зеленски им наредил на регионите да престанат да контактираат со Залужни

Сподели со своите пријатели

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски им наредил на шефовите на регионалните администрации да престанат со секаква комуникација со врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, пишува „Страна.уа“ повикувајќи се на новинарот Јуриј Николов.

Loading...

Ваква наредба била проследена до гувернерите за регионалните елити да не создаваат возбуда за Валери Залужни“, рече Николов.

Западните медиуми во последно време се повеќе пишуваат за растечката тензија во односите меѓу Зеленски и Залужни.

Така, магазинот „Економист“, повикувајќи се на висок украински функционер, објави дека конфликтот меѓу претседателот и врховниот командант е резултат на неуспешна летна контраофанзива.

Според изданието, многумина околу Зеленски се согласуваат со ставот на Залужни.

Претходно „Вашингтон пост“ оцени дека генералот, кој е популарен меѓу своите сограѓани, може да претставува закана за Зеленски доколку реши да се занимава со политика, пренесува РТ Балкан.

„Неодамнешните изјави на Залужњи за застојот на фронтот се еден од индиректните знаци на нивниот конфликт, кој Зеленски се обиде да го отфрли, велејќи дека армијата е уморна“, според Вашингтон пост.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...