Британската влада остро одговори на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека Европа сака војна со Русија, нарекувајќи ги „целосна глупост“, објави порталот „Политико“.
Портпаролката на британскиот премиер Кир Стармер, Софи Наземи, истакна дека европските земји се обединети во поддршката за Украина и нејзиното право на самоодбрана во согласност со меѓународното право и дека НАТО останува подготвен да одговори на сите закани „обединети и решително“.
Реагирајќи на пораката на Путин од 2 декември, во која рускиот лидер рече дека евентуалната европска војна против Русија ќе биде кратка и дека Москва ќе постапи „поинаку отколку во Украина“, Лондон нагласи дека западните земји не бараат конфронтација.
Во истото обраќање Путин додаде дека Русија нема намера да војува со европските земји, но дека, доколку се решат на таков чекор, Москва е „подготвена веднаш“.
Британската влада оцени дека ваквите изјави на Кремљ служат само за внатрешна мобилизација и заплашување, додека европските сојузници продолжуваат да инсистираат на дипломатски напори и поддршка за Киев.

