Јужнокорејско разузнавање: Севернокорејските трупи веќе учествуваат во борбите со Украина

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска објави дека севернокорејските војници испратени во Русија „веќе учествуваат во борбени операции“ против Украина, пренесува Танјуг.

Loading...

„Севернокорејските војници кои беа испратени во Русија се преместени во регионот Курск во последните две недели и нивното распоредување на фронтот е завршено“, објави јужнокорејската Национална разузнавачка служба, пренесува Јонхап.

Најавено е дека се работи на собирање дополнителни разузнавачки податоци.

САД потврдија во вторникот дека повеќето од над 10.000 севернокорејски војници испратени во Русија се преместени во западниот регион Курск, каде што почнале да се борат против украинската армија, соопшти јужнокорејската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужнокорејскиот претседател се извини за обидот да воведе вонредна состојба

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на средба со генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека распоредувањето на севернокорејски војници за помош на Русија во војната во Украина бара „цврст одговор“ и дека тие ќе го добијат.