Јужнокорејски танкер се преврте кај Јапонија, тројца исчезнати

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејски танкер утрово се преврте во морето кај Јапонија, соопшти тамошната крајбрежна стража, а трага по тројца исчезнати членови на екипажот.

Loading...

Бродот, кој почна да се навалува поради бурите кај јапонскиот остров Хоншу, упати повик за помош.

Крајбрежната стража соопшти дека спасила осум лица и дека потрагата по исчезнатите е во тек.

Телевизијата NHK објави дека во екипажот има државјани на Кина, Јужна Кореја и Индонезија.