Јужнокореец избега во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејски државјанин избегал во Северна Кореја, што е редок случај некој да се одлучи на живот во авторитарната држава, пренесува ВВС.

Loading...

Чое Ин Гук е син на двајца високорангирани јужнокорејски дипломати, кои исто така избегале во Северна Кореја во 80те години на минатиот век.

Телевизијата во Северна Кореја одлучи да ги изненади гледачите

Според пишувањето на севернокорејските медиуми, тој ќе живее во Северна Кореја и ќе работи на обединувањето на двете Кореи.

Бегството од Јужна во Северна Кореја инаку е многу реток. Многу почесто се случува луѓе од Северна Кореја да се обидат да избегаат.

Двете земји технички се уште се во војна и на јужнокорејските државјани им е потребна посебна дозвола за да ја посетат Северна Кореја.

Ова е првиот Американец кој студирал во Северна Кореја (ФОТО)

Ако 73-годишниот Чое ги прекршил јужнокорејските закони и не барал дозвоа, би можел да биде приведен кога ќе се врати назад.

Loading...

Чое е државјанин на Јужна Кореја, но многу малку се знае за неговиот личен живот или политички ставови. За неговото доаѓање известиле севернокорејските медиуми, кои пренеле дека властите во Северна Кореја го пречекале топло.

Image by Conan Mizuta from Pixabay

Leave a Reply