Јужна Кореја ќе мора да плати репарации на жртвите од Виетнамската војна

Сподели со своите пријатели

Судот во Сеул денеска пресуди во корист на Виетнамката Нгујен Ти Тан, која ја тужеше владата на Јужна Кореја и бараше компензација за масакрот на виетнамските цивили извршен од јужнокорејските единици во 1968 година во виетнамската провинција Куанг Нан.

Loading...

Според одлуката на судот, Јужна Кореја мора да ѝ плати на Нгујен Ти од 30 милиони вони или 22.292 евра плус камата, пренесува Јонхап.

Ова е прва пресуда во корист на жртвите од војната во Виетнам, според која Сеул е должен да и плати отштета на жртвата.

Судот ги отфрли аргументите на јужнокорејската влада, која тврди дека барањето за отштета е неосновано поради претходно потпишаните договори меѓу Јужна Кореја, Виетнам и САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Владата во Сеул исто така тврдеше дека доказите за злосторството се нејасни, но и тоа не беше прифатено.

Во соопштението, јужнокорејското Министерство за одбрана ја остави отворена можноста за поднесување жалба на оваа пресуда.

Нгујен Ти Тан изјавила дека во масакрот во виетнамското село Фонг Ни, кога загинале 70 цивили, таа изгубила неколку членови на семејството и самата била ранета.

Според нејзините тврдења, за злосторството е одговорна Втората поморска бригада на Јужна Кореја, која се борела рамо до рамо со САД во војната во Виетнам.

Loading...