Јужна Кореја ќе ги направи жителите помлади

Сподели со своите пријатели

Жителите на Јужна Кореја наскоро ќе станат една или две години помлади, бидејќи нивниот парламент донесе закон што го менува начинот на одредување на возраста.

Loading...

Со ова Јужна Кореја го воведува меѓународниот начин на одредување години.

„Со усвоениот закон, сите граѓани на нашата земја во јуни ќе бидат помлади за една до две години“, изјави претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, пренесува Танјуг.

За време на предизборната кампања вети дека ќе го промени законот.

Имено, во Северна и Јужна Кореја, до сега, според традиционалното определување на возраста, бебињата од денот на раѓањето се сметале дека имаат една година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Според овој метод, следната година од животот не се брои од роденденот, туку од новата година.

Тоа значи дека новородените бебиња можат да наполнат две години во рок од два дена, доколку се родени на 31 декември.

Во Јужна Кореја често има забуна околу возраста, бидејќи земјата досега применуваше два системи, бидејќи во 1980 година комунистичката влада го воведе меѓународниот систем, а некои закони се применуваа според традиционалниот систем.

Loading...